Бугарија до ЕК: Нашите услови мора да бидат во обрзувачката рамка, а не во декларацијата

by fokus

Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената преговарачка рамка за Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата, бидејќи не ги даваат потребните гаранции за исполнување на бугарските услови, соопшти Министерството за надворешни работи во Софија.

– За Бугарија е неприфатливо нејзините услови за Република Северна Македонија да бидат поставени во декларацијата на Советот на ЕУ, што ја придружува рамката за преговори. Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија. Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на рамката за преговори, на што  инсистираме, велат од бугарското МНР.

Сепак, Софија смета дека и покрај кратките рокови решение може да се постигне.

– Бугарија им се заблагодарува на германското претседателство со Советот на ЕУ и на комесарот за проширување Оливер Вархеји за конструктивниот пристап и секојдневната заедничка работа во потрага по решение кое сè уште е можно да се постигне и покрај кратките рокови, посочуваат од МНР на Бугарија.

Поврзани новости