385
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешната прес конференција рече дека постојат разлики во нацрт-спогодбите на Македонија и Грција, кои меѓусебно си ги испратија.
-Грчката нацрт-спогодба е предмет на анализа во овој период. Не сум убеден дека ќе биде корисно да коментирам за содржината, секогаш кога говориме преку медиумите работата се комплицира. Можеби е чесно да кажам дека има разлики и се надеваме дека ако мислиме на една цел, ќе успееме да ги надминеме тие разлики, рече Димитров.
Тој додаде дека македонската нацрт-спогодба денеска била испратен во Атина и дека целта е одржливо решение прифатливо за двете страни.