Филипче го прати Бакрачески да ја развива интервентната кардиологија во Струмица

by fokus

Екс градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески почна да работи во струмичката болница на одделот на интервентна кардиологија, објави телелвизија 24. Тој изминативе денови ги направи првите кардиолошки интервенции за стентирање и коронографии во Струмица на пациентите од југоистокот. Ќе доаѓа наизменично со колеги од клиничката болница во Штип со цел да се развие интервентната кардиологија во Струмица и да има 24 часовна здравствена заштита.

Катедратизионата лабораторија со помошните простории изведена по високи стандарди за изведување на акутни конорарни интервенции на периферените крвни садови и дава одлични услови за равој на инетрвентна кадриологија.“ – вели Никола Бакрачески – кардиолог.

Доаѓањето на Бакрачески во струмичката болница е дел од планот  на министерот за здравство Венко Филипче за развој на интервентната кардиологија во внатрешноста на земјава, вели директорот на струмичката болница Гогов. Тој смета дека на овој начин се отвара можноста за едукација и на персоналот во струмичката болница.

Поврзани новости