490
Процесот на преговори за името меѓу Македонија и Грција продолжува под покровителство на ОН и на амбасадорот Нимиц, со таа промена што на идните разговори за решавање на ова прашање лидерските места на преговарачките тимови ги преземаат министрите за надворешни работи на двете земји, велат од Владата.
Тоа се дел од заклучоците по средбата меѓу премиерот, Зоран Заев, и медијаторот, Метју Нимиц, во Владата.
„На средбата беше речено дека сега е време за решавање на ова прашање за кое се водат дискусии веќе 25 години, и дека е неопходен прагматичен пристап и решение за да се постават основи за долгорочни и стабилни билатерални односи“, велат од таму.