Димитров и Коѕиас ќе имаат работна вечера пред утрешната средба со Нимиц

by Фокус

Во пресрет на утрешната средба со медијаторот Метју Нимиц, шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕиас, денес во Виена ќе имаат работна вечера, објавија грчките медиуми.

Заедничката средба на Димитров и Коѕијас беше и во фокусот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој говорејќи за прашањето за името, на Регионалната конференција во Солун порача дека неговата земја не влегува во преговорите за да се постигне било какво решение и дека очекува од нашата земја да преземе тешки, но неопходни одлуки.

-Преговараме со чувство на одговорност и со цел да постигнеме решение што ќе ги гарантира нашата историја и нашето културно наследство, а во исто време ќе исклучува секаков вид на иредентизам од другата страна. Атина сака решение што во иднина ќе им даде можност на двата народи да продолжат мирно по патот на соработката и развојот – истакнал Ципрас.

Поврзани новости