393
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за националната телевизија ЕРТ го опиша неговиот македонски колега, Никола Димитров, како „извонредно интересна личност“.
Освен ова, тој најави и дека ќе се формира заедничка комисија за отстранување на иредентизмот и географските карти од учениците.
-Се договоривме да формираме заедничка комисија од ноември годинава, која во рок од четири месеци ќе треба да си ја заврши својата работа – отстранување на иредентизмот од учебниците и географските карти во нив. Тоа е многу важен чекор, а следуваат и други чекори за кои веќе разговараме, изјави Коѕијас.