Димитров го пречекува турскиот шеф на дипломатијата, Заев во посета на Бугарија

by Фокус

Шефот на турската дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, утре доаѓа во посета на Македонија, во чии рамки ќе оствари средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, потврдија за Фокус од македонското МНР.

По посетата во Скопје, Чавушоглу треба да замине за Атина, каде претходно беше и Димитров, кој се сретна со грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас.

Следната недела, пак, поточно на 20 и 21 јуни, владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, ќе замина на посета во Бугарија.

Од владата истакнуваат дека првата работна средба на Заев во Софија ќе биде на 20 јуни во 15 часот, додека за целата агенда јавноста ќе биде дополнително информирана.

Сите овие дипломатски активности на новата македонска влада се во насока на решавање на проблемите со соседите, како предуслов за деблокирање на евроатланската интеграција на државава.

В.С.

Поврзани новости