Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за „360 Степени“ вели дека идентитетските прашања се наша работа и дека тие се затворени.
-Македонски народ кој зборува македонски јазик. И во меѓународното право и во реалноста преку ОН, и за нас дома… За хероите од минатото којшто се значајни и за Бугарија, мислам дека ние ќе растеме и ќе бидеме со поголема самодоверба како народ ако можеме секој од нас, од ученик, па студент, па граѓанин, да може и сите оригинални текстови напишани од Гоце Делчев да ги прочитаме со отворени очи. Мислам дека тоа нас ќе не направи и посилни и позрели. И во таа смисла многу пароли за ова не помагаат. Истовремено, тоа е човек којшто, интересно, географски е роден на територија на денешна Грција. Мислам дека треба малку освен дискусијата што бил Делчев, а за тоа треба да гледаме низ тоа што самиот кажувал… бидејќи самоопределувањето е важно не само за живата генерација, туку и за хероите од минатото… малку да видиме какво му е делото. Тој повикал кон сите, без разлика на етничка припадност, се борел против лошиот статус, се борел за права и револуционерното движење сметал дека треба одлуките да се носат во тогашната Македонија. Значи, не сакал многу мешања од страна, вклучувајќи ја и Софија, има такви тенденции во неговите писма – рече Димитров.
Воедно, тој додаде: „Гоце Делчев ако од некаде не гледа, ова нема да го прави многу среќен…“.