Голема историска година имаме пред нас со големи крстосници. Патиштата ни се отвораат за НАТО и имаме големо ветување за во јуни 2019 за ЕУ. Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров кој присуствува на прославата во Скопје по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО, што ја организира Владата во уште 14 други градови во земјава под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“.
-Многу чекавме. Од 1993 година сакаме да влеземе во НАТО, 25 години поминаа, 10 години откако не успеавме во Букурешт. Голема историска година имаме пред нас со големи крстосници. Успеавме прашалниците за тоа кои сме дали сме Македонци, дали зборуваме македонски јазик да ги затвориме. Тие сме. И успеавме да изградиме пријателство со три држави со кои имаме деликатни односи историски. Од тензии си направивме пријателство и другарство и благодарение на тоа ни се отвораат патиштата за НАТО и си имаме големо ветување за во јуни 2019 за ЕУ, изјави министерот Димитров.
Овој народ, како што рече, и овој народ тука, како што додаде, и оваа возбуда е затоа.
– Со цело срце сум тука и со цело срце се радувам. Јас пораснав и со овој проблем со оваа шанса. Дајте луѓе да се собереме да си ја оправиме државичката за да не биде, истакна Димитров.
Одговорајќи на новинарско прашање кога очекува Македонија да стане земја членка на НАТО истакна дека доколку оди се по планот во секој случај идната година.
– Ако, потенцира, успееме до јуни следната година ќе биде супер.