Димитров: Да не се фрлаат „дрва и камења“, правиме сè за враќањето на нашите државјани

by Fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров информира дека на граничните премини сè уште има заглавени македонски државјани и уверува дека институциите интервенираат за што поскоро да бидат вратени во земјава.

„Ја разбирам нервозата и траумата на македонските државјани кои со часови, во некои случаи и со денови, мора да чекаат за да ги поминат транзитните и конечно домашните протоколи за да се вратат во татковината. Но, ве уверувам дека правиме се’ што е во наша моќ да се справиме со сите проблеми, кои не се ни мали, ни лесни ниту за земји со многу поголеми ресурси од нашата. Ова е светска криза со огромни предизвици за целото човештво. Сакам да апелирам да не се фрлаат “дрва и камења”. Не заради мене, јас сум политичар кој одбрал да им служи на граѓаните и подготвен сум да трпам и основана и неоснована критика, но неблагодарно е воопшто да не се цени деноноќниот ангажман на професионалци во кризниот штаб во МНР и во слабо екипираните амбасади и конзулати, благодарение на кои во координација со ДКП-та досега вративме над 2200 наши државјани“ – напиша Димитров.

 

Поврзани новости