Следува многу повеќе сонце и пролет – детали

by Fokus 07:22
07:22

До крајот на денот во државава ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Повеќе облаци ќе се задржат на југот од државава. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец, повремено ветерот ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 9 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 15 степени.

- Advertisements -

Во следните денови ќе имаме сончево време со мала локална облачност. Преку денот ќе биде релативно топло со максимални температури кој во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, особено кон викендот. Минималните температури и понатаму понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени. Ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец, повремено ветерот на некој места ќе засилува.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости