Некогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во гостувањето во „Да си кажеме на Телма говореше за последните случувања помеѓу Македонија и Бугарија.
Како што додаде некогашниот шеф на дипломатијата, проблемот е кај нас дома и тоа мора да си го решиме.
„Да расчистиме дека нема две Бугарии. Бугарската политика во однос на Македонија е една и има консензус по ова прашање. Проблемот е кај нас дома. Ако вака продолжиме да се понижуваме ќе дојде време кога ќе почнеме секое утро да и се извинуваме на Софија за секој случај, да не се случи нешто. Да гласаме за промена на Уставот и внесување на Бугарите, но тоа да стапи на сила на денот на зачленување на Македонија во ЕУ. Така и Софија ќе има мотив да не поддржува на европскиот пат. Тие место да не направат пријатели и блиски соседи направија од нас непријатели. Нам ни треба помош од Париз и Берлин, тие да го гарантираат постоењето на македонскиот јазик“, вели Димитров.