Димитров: Чувствувам одговорност што бев дел од оваа власт, треба да се вратиме на „Нема правда, нема мир“

by fokus

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека чувствува одговорност што бил дел од власта и на изборите давал ветувања што се далеку од реалноста.

-Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа, тоа не е истата екипа од онаа влада во којашто бев, но јас бев на избори, давав изборни ветувања кои се многу далеку од реалност. Мора да се вратиме на „Нема правда, нема мир“, рече Димитров.

Тој додаде дека сега сме вратени во време на партиски клиентелизам и ништо во државата не функционира.

Поврзани новости