583
Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека треба да се одржат избори доколку, како што вели, епидемиолозите и експертската јавност оценат дека е возможно да се одржат изборите.
– Ако ситуацијата со пандемијата се смирува, ако гледаме држави кои ќе одат на избори, тогаш е добро тоа да се направи. Се разбира, првиот приоритет е здравјето на граѓаните – рече Димитров на Топ Тема на Телма.
Ако нема услови за избори, тогаш тој смета дека треба да има политичка влада.
– Природата на оваа влада е да организира избори. Ако ова трае и ако нема услови за избори, тогаш треба да има политичка влада. Која е улогата на оваа влада каде имаме кочење- праша Димитров.