Мојата партија СДСМ побегна од идеологијата, голем број од луѓето во раководството на СДСМ никогаш не припаѓале во партијата. Конкретно, ФЗОМ го водеа луѓе кои не се од СДСМ, Мила Царовска и Венко Филипче лукративно постапуваа, но тие треба веќе да се минато во партијата, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во Студио 10 на ТВ24.
-Граѓаните испратија порака. Не доживеаја пораз само кандидатите за градоначалници на изборите, туку политиките кои се спроведуваа на централно ниво. Во Куманово состојбата беше поинаква. Тврдам дека ниту еден партиски интерес не може да биде пред националните интереси. Од СДСМ голем број пријатели ми честитаа, за жал Заев се уште не се јавил. Многу сум разочаран од изјавата на Заев дека се споиле жртвите со насилниците – ниту во еден момент не сум се споил со ВМРО-ДПМНЕ, иако добив поддршка и во прв и во вториот круг. Јас поинаку ќе го поставам прашањето, на мене ли ми побегна Груевски од Македонија, а за тоа Заев ќе треба да даде објаснување, погубните политики ја доведоа партијата во ваква ситуација, истакна Димитриевски.