Димитриевски: Три дена грубо се прекршува Деловникот, ќе бараме друго решение

by fokus

Претениците на СДСМ и денеска повикаа да не се прекршува собранискиот Деловник предупредуваќи дека ќе бидат принудени да бараат други начини како да се излезе од ќорсокакот во кој ја втурнаа парламентарната расправа нивните колеги од ВМРО – ДПМНЕ.

„Три дена најгрубо се крши деловникот за работа во Собранието. Господине претседавач, ги прекршивте сите членови на деловникот од почеток до крај. Граѓаните одамна ја потрошија месечната плата. Ние за некој ден ќе си ги земеме нашите 68.000 денари народни пари како плата. Затоа ве молам почитувајте го деловникот да не мора ние пратениците од новото парламентарно мнозинство да наоѓаме нов начин и алтернатива како на ова да му најдеме крај“, повика пратеникот од СДСМ  Максим Димитриевски.

Претседавачот на конститутивната седница, Трајко Вељаноски рече дека ќе апелира до колегите да се откажат од реплики и контра реплики, но дека  тоа е нивно право.

„Што се однесува до платата, имаше некои кои 15 месеци не доаѓаа на работа, а сепак земаа плата“, додаде Вељаноски.

 

Поврзани новости