Актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат за градоначалник, Максим Димитриевски веќе слави победа на градскиот плоштад во Куманово, но и неговиот противкандидат од редовите на СДСМ, Оливер Илиевски тврди дека тие победиле во првиот круг.
Димитриевски во изјава за Телма рече дека според нивниот аналитички центар тие имаат убедлива победа на повеќе од 70 отсто од гласачките места и покрај притисоците со кои се соочувале.
-МВРО не е минато во оваа држава, туку е МВРО на квадрат, но со „О“ на квадрат назад, и ќе им го вратиме МВР во вистинските рамки на граѓаните со потврдувањето на оваа победа на 31 октомври, рече Димитривски алудирајќи на неговиот противкандидат од СДСМ Оливер Илиевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Илиевски пак на Фејсбук објави дека СДСМ води со 2000 гласа во однос на Димитриевски од 80 проценти обработени гласови.
Ова значи дека во втор круг најверојатно за Куманово ќе се борат Димитриевски и Илиевски, но неизвесно ќе биде која од партиите што ќе изгубат кој кандидат ќе го поддржи.