403
Тринаесетти ден СВР Куманово молчи, прикрива и монтира, МВР со партиски нарачани информации депласира, ВМРО ДПМНЕ лажно дезинформира и манипулира, а како по обичај извинување и одговорност се уште нема, обвини денеска пратеникот Максим Димитриевски за инцидентот во една кумановска кафана за време на семејна прослава.
-Денеска поднесов кривична пријава за насилство и докази против сторителите, Јавното Обвинителство е на потег, барам непристрасна и објективна постапка. Ќе следат и други правни дејствија против сите што ја компромитираа постапката.
МВР мора да го вратиме на професионалците, заедно ќе го исчистиме од партиско-аматерските структури, ќе го возобновиме системот и државата конечно ќе им ја вратиме на граѓаните, порача Димитриевски.