Стејт Департментот ќе ги охрабрува политичарите кои ја блокираат новата влада да преземат одговорност

by fokus 18:34
18:34

САД ќе работи на охрабрување на политичарите во Македонија што го блокираат формирањето на Владата, да престанат со нивните опструкции како и да преземат одговорност за нивните постапки, пренесе изјава Гласот на Америка на македонски јазик од портпарол на Стејт Департментот.

-Македонските граѓани избраа парламентарни претставници во декември, и постои јасно мнозинство во Собранието, што чека да формира Влада. Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат македонските лидери да сторат се` што можат, за формирање на Влада без натамошно одлагање за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евро-атлантското семејство. Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари, да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки, се вели во одговорот од Стејт Департментот.

- Advertisements -

 

 

Поврзани новости