Димитриевски: Неодговорни поединци сите не доведоа во опасност

by Фокус

Бројот на позитивните од Ковид 19 во Куманово евидентно се зголемува,
одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата, порача кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

„Дали требаше да се најави, да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 март, тоа што поединци целово ова време неодговорно се однесуваат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија. Треба да сме свесни и дисциплинирани и можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена. Колективното здравје е приоритет број еден“, напиша Димитриевски на фејсбук.

Тој апелираше луѓе да останат смирени и да не се создава паника.

Поврзани новости