На Македонија и е потребно обединување, на Македонија и е потребен претседател којшто ќе биде обединител и на Македонците и на сите етнички заедници во државата. Во оваа прилика сакам до честитам и денешниот голем празник Курбан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповест, порача вечерва од Штип, кандидатот за претседател на ЗНАМ Максим Димитриевски.
Тој истакна дека ЗНАМ е нов политички субјект, кој што настанал од и има потреба да работи за граѓаните и оти на македонската политичка сцена е нешто ново. Димитриевски посочи дека „не митингашат“, туку прават спонтани средби со граѓаните, бидејќи како што рече, „од митингашење и од големи средби граѓаните немаат фајде“.
-Фајде видоа оние на говорниците, коишто со години, децении продаваа ветар и магла. Сведоци сме како едни заминуваат, доаѓаат други коишто се полоши и од тие што заминаа, а по четири или осум години доаѓаат повторно истите коишто заминале претходно и стануваат уште лоши и полоши, а народот згазен на дното во општеството. Затоа јас заедно со овие луѓе во движењето ЗНАМ за наша Македонија. Се одваживме и застануваме овде вечера пред вас, пред штипјаните, рече Димитриевски.