Ќе ги помилувам осудените од политички монтираните случаи, како случајот „Алфа“, вели Таравари

by fokus

Стопирање на селективноста на правдата, политички монтирани случаи, но и помилување на осудените во тие монтирани случаи, ветува кандидатот за претседател Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ.

-Тие случаи или мора да се решат или да се простат. Разговорите што ги објави Заев, со поранешниот министер за внатрешни работи, за одредени случаи за кои знаат дека не се виновни, но морале да ги задржат затоа што “така барал системот”. За каков систем зборуваат? Дека народот не бил виновен, ама мораме да го држиме во затвор. Ова е вознемирувачко. Пример случајот Алфа. Има докази за ова дека има монтирани случаи. Треба да седнеме и разговараме за овие процеси за да се најдат решенија и да профункционира правната држава. Се за да се зголеми довербата на граѓаните во правдата, рече Арбен Таравари во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој велиу дека како претседател не би потпишувал некои закони за кои смета дека се против интересите на граѓаните.

-Не би потпишал закони кои се спротивни на мислењето на граѓаните, тие кои ги загрозуваат граѓаните, на пример Законот за коцкање и многу други. Би имал тим кој би ме советувал и врз основа на него би одлучувале за некои закони кои се само во интерес на мала група луѓе и наштетуваат на голем број граѓани, рече Таравари.

Поврзани новости