713
-Повелете на 26 и 27 август на градскиот плоштад во Куманово заедно да уживаме во звукот на 18-ти Меѓународен тамбурашки фестивал “Куманово 2022”- објави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, по повод настанот на кој ќе настапат голем број на музички гости.
Како што е најавено, првата вечер ќе гостува Петар Нечевски и групата Охридски бисери, Легенде, оркестарот Пљевља и Симфониум.
Втората фестивалска вечер пак, на градскиот плоштад ќе настапат Нокаут и Игор Џамбазов, Табиет и Мајшперк.
Настанот е во организација на Фондација за спорт и култура – Куманово.
Вики Клинчарова