Лидерот на ЗНАМ – Максим Димитриевски предмалку од партиската говорница изјави дека испишаа историја.
„Да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа. Овие избори ќе се дополнителна поука за политичките субјекти, а за нас од ЗНАМ од вечерва ја започнуваме борбата за достоинствена Македонија. ЗНАМ вечерва испиша историја, заедно со граѓаните. Потвдивме минимум пратеничка група. Ние од денеска продолжуваме така како што ветувавме, согласно определбите и сето она што беше ветено. Ќе работиме за граѓаните. Нашата иднина започнува вечерва. Со граѓаните ќе ја креираме убавата слика. Она што за мене е многу битно се постигнатите околу 60.000 гласови. Сакам да се заблагодарам на членството на ЗНАМ кое се посвети на оваа за нас историска победа, вечерва се потврди дека нема повеќе да живееме во црно-сив свет. Заедно со нашите идни пратеници продолжуваме понатаму за максимална Македонија“ рече Димитриевски.
– Ние сме лев центар, гледам дека веќе некои не копираат – додаде Димитриевски.
Тој најави дека ќе остане градоначалник на Куманово и доследен е на ветувањата и нема да направи „трансфер“ во новата Влада.