Димитриевски испи кафе со кандидатите кои не влегоа во втор круг

by fokus

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска имаше кафе средба со неговите противкандидати кои не влегоа во вториот круг.

-Супер кафе дружба со кандидатите за градоначалници на Куманово Теодора Димитровска од ДОМ/ЛДП, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Беким Салиу од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Куманово мора да продолжи да се развива! Ветувам дека по победата на локалните избори ќе ги разгледам програмите на моите против кандидати и добрите проекти ќе ги инкорпорираме во една програма која ќе значи добробит за сите кумановци. Граѓаните заслужуваат подобар квалитет на живот, понапредна општина, почисто и зелено Куманово. Ве повикувам на 31-ви октомври да го продолжиме патот кон европско и модерно Куманово!, нашиша Димитриевски.

Поврзани новости