37
Мора да ја спречиме корупцијата, мора да ја вратиме правдата. Ние во Македонија имаме судови и судии, правда немаме. Имаме обвинителства и обвинители, а обвиненија само за оние кои пркосат со власта, изјави вечерва Максим Димитриевски, претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ, во Кавадарци.
-Од позиција на иден претседател на државата во првите сто дена ќе предложам стратегија за борба против корупцијата и криминалот. Но, особено за борба против политичкиот криминал бидејќи главниот криминал и корупција се токму во политиката. Народот е сила, а партиите постојат за народот и кога ќе се однародат, народот им вели „не“ – рече тој.
Димитриевски повика за обединување на народот и упати порака дека е можно тоа.