Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги повика на состанок своите противкандидати на состанок, каде ќе се разговара за програмите со цел Куманово да биде поубаво место за живеење.
„Ги повикувам сите мои противкандидати во понеделник во 14:00 часот на состанок кадешто ќе разговараме за нашите изборни програми. Ќе побарам суштинските проекти од нивните програми да се инкорпорираат во една заедничка програма и заедно во следните четири години да ги реализираме. Граѓанскиот интерес мора да биде пред партискиот или личниот интерес. Концептот „За наше Куманово“ излегува од граѓаните и ќе работи исклучиво за граѓаните на нашиот град. Сакам да порачам дека ова не е време за поделби, ова е време за обединување, а не за политички натпревар и собирање на политички поени“, истакна Димитриевски.