Техничкиот премиер Емил Димитриев денеска имаше средба со членовите на ДИК, за која рече дека веќе направила сериозни подготовки за прoчистување на Избирачкиот список и смета дека откако партиите ќе се согласат за методологијата за пречистувањето, дека ДИК ќе може во соодветните рокови да одговори на предизвикот.
Димитриев рече дека нема чувство дека сега и како премиер, повторно е во сенка на Никола Груевски.
-Мојата главна задача како премиер е да се организираат фер и демократски избори. Имам интензивни контакти со надлежните органи за изборите и немам чувство дека не сум присустен во јавноста, рече техничкиот премиер.
Тој дополни дека доколку партиите се договорат за методологијата за пречистување на Избирачкиот список, Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за таа задача.