481
Премиерот Емил Димитриев денеска одржа работна средба со претставници на ДИК, во врска со претсотјните предвремени парламентарни избори.
– Сега формално како Влада задолжена да спроведување на изборите имаме право комуникацијата со институциите задолжени за организирање на изборите да ја подигнеме на повисоко ниво. Размислувам сите активности со кои Владата може да помогне, да ги ставиме на хартија, како еден документ кој што може да биде прва пред точка на секоја седница на Влада, а со тоа ќе добие и на динамика – рече Димитриев.