383
Длабоко сме уверени дека Избирачкиот список не може да се прочисти до 24 април, а не се познати ниту реформите во медиумите, смета лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов.
– Ние се подготвуваме за избори и се надеваме дека ќе се исполнат минимум услови, а за тоа ќе одлучуваме тогаш кога ќе дојде 24 февруари, кога ќе се направи анализа дали ќе се излезе на избори или не – рече Трајанов.
Според него, битно е да се направи анализа дали договорот од Пржино се спроведува во неговата суштина, па затоа предложиле вондредна парламентарна седница на која треба да се анализираат условите на договорот.