Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, со писмо му одговори на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за обвинувањата дека поништувањата на одлуките на министерите од СДСМ се незаконски.
-Сепак решив и јас да Ви напишам писмо, кое е прво и последно на оваа тема, свесен дека на овој начин се вовлекувам во Вашето пресметано парадерство, но сепак реагирам зашто сакам да остане трага, затоа што аргументите се на моја страна во целост, затоа што одлуката на Владата е гранитно законска. Реагирате пет дена откога Владата ги донесе цитираните одлуки. Пет дена потоа. Во тие пет дена со задоволство го следев однесувањето на Вашата партија и на соросовите структури кои Ве поддржуваат, и притоа констатирав дека токму со неконзистентноста и немањето на аргументи на Вашиот и пристапот на соросовците, односно лутањето од позицијата дека Владата нема право да носи вакви одлуки, преку позицијата дека има право да носи вакви одлуки ама не кон Вас од СДСМ, во суштина се потврдува дека Владата дејствувала законски!, вели Димитриев во писмото.
Тој вели дека било јасно како бел ден дека Владата согласно членот 30 став 2 има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата.