Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев по повод Денот на независноста испрати честитка до граѓаните во која вели дека 8 Септември е нашиот трет Илинден – празник кога ја славиме нашата независност и кога ја прославуваме нашата победа.
-Пред точно 25 години, силно верувајќи во вековната идеја за независност и самостојност, водени од илинденската и асномската идеја и аманетот на нашите предци за труд, постојанство и одлучност во промоцијата и заштитата на националните интереси, македонските граѓани ја донесоа одлуката за слободна, независна и суверена Република Македонија. Одлука која значеше остварување на вековниот сон на нашите предци и триумф на нашата вековна борба. Токму затоа 8 Септември е нашиот трет Илинден – празник кога ја славиме нашата независност и кога ја прославуваме нашата победа, вели Димитриев во честитката.
Димитриев рече дека верува дека на изборите на 11 декември граѓаните ќе ја покажале својата мудрост и одлучност.