Ја разбираме потребата на техничкиот министер за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски да се прикрива зад вакви бомбастични изјави и ја повикуваме што поскоро да ја поднесе пријавата, реагираат од кабинетот на на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов откако министерката најави тужи за злоупотреба на работењето на Спасов.
„При тоа ја информираме дека уште во почетокот на мандатот направи две кривични дела и тоа: лажно пријавување и лажно претставување, со тоа што дозволи претседател на партиска Комисија за труд и социјална политика да има увид во доверливи информации на министерството и корисниците и лажно да се претставува во својство на службено лице. Уште еднаш ја повикуваме да не се бламира во јавноста со изнесување лаги, клевети и манипулации со кои повторно го крши Законот туку да започне да ги решава предметите во областа на социјалната заштита и да се зафати со реализацијата на проектите од интерес на граѓаните“, стои во реакцијата.
Министерката Фросина Ременски објави дека ќе поднесе кривична пријава за несовесно работење на Диме Спасов.
Ременски го обвинувања нејзиниот заменик дека иако имал обврска, не одлучувал по жалбите на над 1.400 граѓани корисници на социјална парична помош. Министерката ќе ја тужи и поранешната пратеничка Сузана Андонова, службеничка на пробна работа во министерството која одлучувала по жалбите.