Диме Спасов ќе воведе екстерно во градинките

by lali 18:43
18:43

ffffffffffffffffffffffffffМинистерот за труд и социјала Диме Спасов денеска од новата градинка „Андон Ќосето“, во скопски Аеродром најави дека од наредната година екстерно ќе се испитуваат и децата од градинките.

– Јавна тајна е дека има негувателки кои без критериум, а понекогаш и преку врски на децата им пишуваат петки на рачињата. Знам за неколку екстремни случаи кога само за да не плачат децата, учителките им ставиле петки со ѕвездичка. Замислете, со ѕвездичка! – изјави Спасов и објасни дека постоеле малверзации и со употребата на печатите со пчелички како систем за оценување во градинките.

- Advertisements -

Не може да си завршил шеста група во градинка, вели Спасов, а да не знаеш да ја испееш химната на ВМРО.

– Не мора зборовите да ги знаат, ама недозволиво е да не можат да ја испеат барем со „на, на, на..“ – резигнирано коментираше Спасов.

Сѐ уште не е сигурно што ќе се оценува, меѓутоа неформално дознаваме дека дел од тестовите ќе бидат: Брзо моделирање на мотиви од Скопје 2014-та со помош на лего-коцки, сечење фиданки, рецитирање песнички за трето дете, коментирање на Фејсбук на латиница со сите „капсови“, Титов портрет на Груевски со водени боици и скок-плук во фотографија од Бранко Црвенковски.

Посебно ќе бидат наградувани воспитачките чии деца ќе можат наизуст, без да земат воздух да ги кажат имињата на сите споменици во Скопје.

Disklejmer

Поврзани новости