463
Во организација на Државната изборна комисија (ДИК), денеска ќе се одржи првиот состанок на Работната група за Избирачки список со која претседава Државната изборна комисија.
На состанокот се поканети претставници од институциите со кои соработува ДИК и тоа од министерствата за правда, за внатрешни работи и за надворешни работи, Државниот завод за статистика, Управата за водење матични книги, Секретаријатот за европски прашања и Дирекцијата за заштита на лични податоци, политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, Амбасадата на САД, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ, ИФЕС, како и невладините организации МОСТ и „Цивил“.