366
Денешната седница на Државната изборна комисија траеше десетина минути, а членовите заседаваа за тоа од кои институции ќе ги користат податоците за да се изврши проверка на Избирачкиот список.
Членовите на ДИК се согласија да ги вкрстуваат податоците од тринаесет државни институции, меѓу кои и Фонд за здравство, МВР, Фонд за пензиско осигурување, УЈП, статистика, катастар, НБМ, општини и Водовод и канализација.
Што се однесува до методологијата за прочистување на Избирачкиот список, ДИК ќе го чека предлогот од партиите потписнички на Договорот од Пржино. Пред три дена пак, од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ рекоа дека тие без никакви забелешки ќе ја прифатат методологијата на ДИК.