537
ДИК на својата официјална страница објави дека утврдено е дека во третата и четвртата изборна единица бројот на гласачи е помал од законскиот лимит, односно изнесува -6 отсто од просекот определен според Изборник законик.
Притоа, во Шестата изборна единица, бројот на „вишок“ гласачи како процент е 7, што исто така е спротивно на Изборниот законик, кој предвидува бројот на избирачи во изборните единици да отстапува +/-5%, во однос на просечниот број избирачи во изборната единица.