Откако професорката Мирјана Најчевска поднесе кривични пријави до членовите на Државата изборна комисија, бидејќи ја избришаа од Избирачкиот список, од ДИК се огласија со реакција.
Тие велат дека бришењето на гласачите биле согласно последните измени што ги направи собранието по договорот на четирите партии. Од ДИК велат дека секој има право на кривична пријава, но на Најчевска и порачуваат да ги тужи и пратениците бидејќи тие гласале за законот.
Претходно, Најчевска поднесе кривични пријави поради, како што рече нејзиното противуставно и противзаконско бришење од Избирачкиот список од страна на членовите на ДИК.
Инаку, освен Најчевска на списокот со спорни гласачи се најдоа уште неколкумина познати јавни личности. Веднаш по објавувањето на електронскиот список, Најчевска изјави дека нема намера да се пријавува во ДИК и да докажува дека не е фантом.