ДИК на денешната прес-конференција го објави мнозинството неофицијални резултати, од кои се заклучува дека Стево Пендаровски е нов претседател на Македонија.
„816 649 гласачи кој го дале својот глас, или 46.44 отсто. Кандидатот Горадана Силјановска-Давкова доби 363 980 гласа, додека пак Стево Пендаровски добил 423 292 гласа или 51.83 % проценти од избирачите кои гласале. Можам да заклучам дека денениот изборен ден е во фер и коректна атмосфера. Немаше пријави за било какви нерегуларноти на избирачките места. Им честитам на граѓаните за упорноста и истрајноста. Можам да кажам дека имавме добри кандидати кои се однесуваа прилично коректно“, истакна првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски.
Официјалните резултати ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.