Државната изборна комисија прифати седум од поднесените приговори од политичките партии.
Еден од приговорите е на коалицијате Влен, а останатите 6 на коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за едно од овие избирачки места приговор поднела и Коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ, што значи дека за исто гласачко место реагирале и двете коалиции. Во петтата ИЕ, по досегашните приговори, може да се прегласува на 6 избирачки места. Двe во Крушево, две во Долнени и по едно во Струга и Охрид.
Останатите приговори се одбиени или повлечени. Утврди нерегуларности за текот на гласањето и броењето гласови во Желино, Битола, Струга, Охрид, Кичево, Крушево, Ресен, Демир Хисар и Долнени.
Сега ДИК ќе го очекува исходот од тужбите до Управниот суд.
„Секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба. После одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, соопштија од комисијата.
Оттаму велат дека ако има избирачки места каде што ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација, дали бројот на запишани гласачи каде што има поништување на гласањето, ќе влијае на резултатот во распределбата на мандатите.