ДИК повторно ќе го прочистува избирачкиот список

by fokus

Државната изборна комисија во моментов го одржува првиот состанок на Работната група која има цел уште еднаш да го прочешла избирачкиот список.

Освен членовите од ДИК, на состанокотприсуствуваат и претставници на четирите партии, предводени од Никола Тодоров, Дамјан Манчевски, Беким Фазлиу и Артан Груби, како и претставници на ОДИХР, на ИФЕС.

Присутни се и претставници од МВР, Заводот за статистика, матична евиденција, како и домашните организации МОСТ и ЦИВИЛ и други организации кои можат да помогнат во процесот.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски само кусо изјави дека сите актери и учесници ги презентирале своите почетни позиции, по што се очекува да се утврди нов модел за уште една проверка на избирачкиот список.

ДИК, пред откажувањето на изборите, на 5 јуни, со мнозинство гласови одлучи дека списокот е проверен и прочистен и оти Комисијата е подготвена за организирање на гласањето.

Според опозицијата и натаму се спорни околу 150 000 записи во избирачкиот список.

Поврзани новости