533
Без ждрепка, Државната изборна комисија на денешната седница формално утврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената партија на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори закажани на петти јуни, објави телевизија Телма.
Листите на НДМ и официјално се отфрлени, бидејќи не се отстранети неправилностите за кои партијата на Јанко Бачев имаше 24 часа, а на денешната седница ДИК потврди дека СДПМ ги повќече своите кандидатски листи.