437
Државната изборна комисија синоќа не го усвои извештајот за направената вкрстена проверка на податоците од Избирачкиот список.
– Потребно е дополнително време за консултации околу податоците во извештајот – рече советничката во ДИК, Љупка Гугучевска.
Неофицијално, причината поради одложувањето е несогласувањето меѓу членовите на Комисијата околу бројот на таканаречени фантомски гласачи за кои е потребна теренска проверка.