333
На 24 ти април технички може да се одржат избори но не може до тогаш да се спроведе проверка на избирачкиот список кој ќе донесе доверба во процесот е ставот на Државната изборна комисија.
Овој став бил презентиран денеска на итната средба што ја свика белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, јавува ТВ 24.
Тој за медиумите изјавил дека средбата поминала во тензична атмосфера. Претставниците на државната изборна комисија не сакале да дадат коментар пред новинарите кои чекале пред Клубот на пратеници, само претседателот на ДИК Александар Чичаковски им поделил писмено соопштение во кое е наведено дека е потребно подолг период за проверка на избирачкиот список од зададените рокови.