ДИК: На референдумот се изјасниле 40,5 отсто граѓани

by Фокус

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати од референдумот во општина Центар за изгледот на ГТЦ. Од обработените податоци на референдумот излегле 17 655 гласачи. Од нив 16 836 гласале ЗА, односно ГТЦ да остане со постоечкиот изглед. 659 гласале против, додека 160 од ливчиња се неважечки.

Во проценти, на референдумот излегле 40, 53 отсто од вкупниот број на списокот 43 560. Од нив 38,65 отсто биле ЗА. Иако законски референдумот не е успешен, сепак бројката од 16 836 гласа е најголемиот успех до сега со оглед дека станува збор за граѓанска иницијатива. До сега во општина Центар ниту еден кандидат за градоначалник, ниту за пратеник или претседател немал толкава поддршка.

Од иницијативата “Го сакам ГТЦ“ најавуваат понатамошни актовности како да се спаси ГТЦ од барокот на власта.

 

Поврзани новости