Државната изборна комисија соопшти дека на вчерашната седница го усвоила Правилникот за утврдување на начинот и постапката за избор на генерален секретар на ова највисоко изборно тело во земјата. Утре во два печатени медиуми ќе биде објавен јавниот повик за избор на генерален секретар.
Претседателот и потпретседателот на ДИК беа избрани од тројцата експерти кои беа на предлог на четирите политички партии и за кои мораа на преговарачка маса да се седнат партиските лидери. Претседател на ДИК е Александар Чичаковски, кој е магистер по правни науки, а работел како правен консултант во невладината Мост како и судски соработник во Основниот суд Скопје 2.
Потретседателот Реџеп Прекопуца во својата биографија има наведено дека работел во Собранието како стручен соработник и во Општинската изборна комисија во Арачиново.