Отворен културниот центар „Кино Култура“

by Фокус 12:17
12:17

Со концерт на групата „Фолтин“, вчеравечер беше отворен новиот културен центар „Кино Култура“. Во следните пет години овој простор ќе добие нов концепт и ќе биде наменет за независната културна сцена.

Основачи на овој центар се организациите „Театарот на навигаторот Цветко“ и „Локомотива“, а партнер е општина Центар, со помош на домашни и странски донации.

- Advertisements -

Директор на „Кино Култура“ ќе биде режисерот Александар Поповски, а за програмата ќе одлучува управен одбор, составен од професионалци од независната културна сцена и од граѓани.

 

Фото: ПлусИнфо

Поврзани новости