430
Државната изборна комисија на вечернашната седница одлучи да го прифати барањето на Дирекцијата за заштита на лични податоци да ги повлече од јавен увид на интернет Избирачкиот список со вкупниот број гласачи како и Списокот на неконзистентни записи – предмет на теренски проверки кој опфаќа 89.000 спорни гласачи.
Сепак, за повлекувањето на Избирачкиот список донесена е одлука да се поднесе тужба пред Управниот суд со образложение дека повлекувањето на Избирачкиот список е во спротивност на Изборниот законик.