419
На денешната седница, Државната избора комисија ги задолжи Управата за водење матична евиденција и МВР да утврдат колку лица од Албанија имаат склучено брак во Македонија и по која основа се стекнале со државјанство.
Проверки ќе се вршат за оние гласачи од Албанија кои се регистрирани по повеќе од десет на една иста адреса. Според последниот извештај од МВР регистрирани се 9.395 лица од Албанија со македонско државјанство. 3.743 се со статус дијаспора, а 341 лице иселени.