ДИК известена за распишувањето на локалните избори

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека е известена за потпишаното Решение за распишување на локалните избори од страна на претседателот на Собранието и дека очекува документот да и биде доставен и да биде објавен во Службен весник на Република Македонија.

„По објавувањето на Актот за распишување на локалните избори во Службен весник , Државната изборна комисија ќе одржи седница на која ќе биде усвоен Календар – роковник со кој ќе бидат утврдени изборните активности и роковите за нивно спроведување, по што ќе започне спроведувањето на локалните изборите, соопштија од ДИК.

Тие велат дека навремено ќе информираат за преземање на сите активности поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите.

Поврзани новости